Во рамки на ЈЗУ УК за дерматологија – Скопје, акредитиран е прв ACARE референтен центар (Center of Reference and Excellence) за дијагностика, лекување и грижа на пациентите со Хередитарен Ангиоедем. Овој центар е прв ACARE центар во нашата држава. Раководител на HAE тимот е Проф Д-р Весна Гривчева-Пановска.

Акредитацијата за ACARE ја вршат светската алерголошка организација WAO (World Allergy Organization) и Европската Академија за алергологија и Клиничка имунологија EAACI во соработка со меѓународното здружение на пациенти HAEi.

ХАЕ