ВИЗИЈА, МИСИЈА И СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ
На ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија-Скопје

Наша визија е Клиниката да обезбедува врвни дијагностички и тераписки услуги, што ќе се постигне со унапредување на условите за работа, едукација на здравствените работници и соработници, поттикнување на научно-истражувачката работа. Клиниката и сега е водечка и референтна дерматолошка установа во Македонија, со услови за стане регионален центар.

Нашата мисија е да безбедиме терцијарани здравствени услуги од областа на дерматовенерологијата, со етички, хуман и професионален пристап. Како наставно – научна база при Медицинскиот Факултет во Скопје, учествуваме во едукацијата на студенти, магистранти и докторанди. Како универзитетска клиника, имаме обврска да ги формираме идните специјалисти и субспецијалисти од областа на дерматологијата.

Стратешки цели
Како Универзитетска клиника, со зададената Мисија и Визија, си ги поставуваме следните стратешки цели :

    1. Дигитализација и теледерматологија
    2. Доминантно давање субспецијалистички услуги, соодветно на терциерно ниво, со намалување на услуги кои може да се изведуваат на секундарно ниво, со подобрена комуникација со дерматолошките ординации на секундарно ниво
    3. Подобрено и ефикасно болничко лекување, со скратување на хоспитализацијата
    4. Унапредување на специјалистичко – консултативната дејност, со современи дијагностички и тераписки услуги, со планирана едукација на кадарот
    5. Унапредување на постоечките и формирање нови субспецијалистички единици од национален интерес (по примерот на Центарот за псоријаза и ХАЕ центарот).
    6. Вклучување на здруженија на пациенти во постигнување на заедничка цел – врвна дерматолошка услуга.
    7. Тенденција да бидеме Children-friendly hospital
    8. Тенденција да бидеме Autism-friendly hospital
    9. Формирање на Регистри на болести од интерес
    10. Подготовка и редовна ревизија на клинички и национални упатства за лекување на селектирани дерматолошки заболувања