Во последните години многу се зборува за зачестената појава на алергии.
Алергија сe јавува кога имунолошкиот систем на една личност реагира на супстанции во околината кои се безопасни за повеќето луѓе. Овие супстанции се познати како алергени и се наоѓаат во прашински грини, домашни миленици, полен, инсекти, крлежи, мувла, храна и лекови.

Кога лице кое е алергично ќе дојде во контакт сo одреден алерген, се јавува алергиска реакција: Поставување на дијагнозта е oд круциелно значење за третманот и превенцијата кај пациентот особено за спречување на живото загрозувачки симптоми.

Коректна дијагноза се заснова на резултатите од клиничката историја на испитаникот, физикален преглед и алерголошко тестирање , со цел да се утврди постоење на алергија или друга имунолошка состојба која ги предизвикала симптомите.

ImmunoCAP е широко употребувана ин витро дијагностичка алатка за откривање на специфични IgE антитела во крвта.Овозможува идентификување на алергии со мерење на имунолошкиот одговор на специфични алергени. Овој тест е познат по својата висока специфичност и чувствителност.

Правилното и точно одредување на присуството на IgE специфични за одреден алерген се толкува како доказ дека пациентот е сензибилизиран и може да реагира при изложување на алергенот.Така, овој тип на тестирање е индициран во случаи кога клиничарот ја проценува веројатноста дека реакциите или симптомите на пациентот се должат на изложеност на специфичен алерген.

Ин витро тестирањето не претставува ризик за појава на алергиска реакција кај пациентот па поради тоа може да се изведува и

  • кај постари возрасни лица со кардиоваскуларни болести
  • кога кожните тестови се негативни а постои јасна анамнеза за алергиска реакција
  • пациенти со сомнителна чувствителност на алергени поврзани со тешки анафилактички реакции (како што е латекс)
  • пациенти со историја на тешки реакции на мали количини на алерген.
  • когаа пациентот не во можност да прекине одредени лекови кои пречат во изведување на други алерголошки тестови (исклучок омализумаб)
  • Не зависи од интегритетот на кожата или засегнатост од кожни болести:

Што е ImmunoCAP тест?

ImmunoCAP тестот е високо прецизен тест на крвта кој се користи за да се идентификуваат специфични алергии. Го мери нивото на специфични IgE антитела во крвта како одговор на одредени алергени.

Како се изведува?

Примерок од крв: Се зема мал примерок од крв, обично од рака.

Процес на тестирање: примерокот од крвта се анализира во лабораторија со помош на системот ImmunoCAP.

Подготовка: Не е потребна посебна подготовка пред тестот.

Постапка: вадењето крв е брзо и обично предизвикува минимална непријатност.

Резултати: Потребни се неколку дена до една недела за обработка на резултатите.

Зошто е корисен ImmunoCAP?

Точна дијагноза: ImmunoCAP обезбедува прецизни информации за тоа кои алергени се одговорни за алергиската реакција.

Тестот може да открие широк спектар на алергени-инхалаторни,нутритивни (анимални и раститтелни ) и медикаменти.

Познавањето на специфичниот алерген/ени е од големо значење бидејки овозможува да се спроведе соодветн третман и истовремено да се едуцира пациентот на кој начин да ја збегне или минимизира изложеноста на идентификуваните алергени со што значително ќе се намалат симптомите на алергија и ќе се подобри квалитетот на живот.