Дежурен телефон: 078/498-583 | 02 3134 042 ukdermatologija@zdravstvo.gov.mk
ЕУРОМЕЛАНОМА 2025
Во склоп на кампањата ЕУРОМЕЛАНОМА 2025, во амбулантите на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје, на 02.06.2025 (понеделник) и 03.06.2025 (вторник) од 11:00 – 15:00 часот, дерматолозите ќе вршат бесплатни прегледи на сомнителни промени на кожата за карцином на кожата (дамки, бемки) кај заинтересираните пациенти.

Универзитетската Клиника за дерматологија во Скопје, традиционално се придружува на Европските активности во рамките на кампањата Еуромеланома 2025, со цел подигнување на свеста на населението и здравствените работници за превенција и рано откривање на меланомот и другите кожни карциноми во нашата земја.

Кампањата Еуромеланома оваа година се фокусира на едукација на децата и родителите за важноста на правилната заштита од Сонцето, со посебен акцент на акутните и хроничните опасности од штетните УВ зраци

И ДЕЦАТА МОЖЕ ДА ИМААТ ПРОБЛЕМ СО РАК НА КОЖА ВО ИДНИНА!

ЧУВАЈТЕ ЈА ИДНИНАТА НА ДЕЦАТА СО ПРАВИЛНА ЗАШТИТА НА НИВНАТА КОЖА!

ПОСТЕР

Стручен семинар од Prof. dr. med. Uwe Gieler

Во склоп на програмата за континуирана стручна едукација на лекарите специјалисти- дерматовенеролози и лекарите на специјализација по дерматовенерологија, имавме чест да присуствувавме на тродневниот семинар (од 26-28.11.2019 год.) чиј предавач беше Prof. dr. med. Uwe Gieler, од Universitätsklinikum Giessen/Marburg, Германија.
Prof. dr. med. Uwe Gieler, Visiting Professot на Медицинскиот факултет – Скопје, на покана на Проф. д-р Весна Гривчева- Пановска, како резултат на долгогодишната соработка со ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија одржа семинар со програма која ги опфати темите: атопискиот дерматит, псоријаза, хидраденит супуратива, меланом, карциноми на кожа како и теми од областа на психодерматологијата.

Школа за атопија – трета работилница

ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија и Биодерма Македонија ја продолжуваат традицијата на едукативни работилиници и ја обавија третата по ред работилица која се одржа на ден 26.11.2019 год. Истата е именувана како ‘Школа за атопија’, и главна тема на дискусија овој пат беше: “Вакцинација кај атописки дерматит – заблуди и виситини”. Особено задоволство ни причинуваше фактот дека оваа работилинца беше подржана и од ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Детска болница – Козле.
Работилиницата беше наменета за пациентите кои страдаат од атописки дерматит и сите проблеми кои се поврзани со оваа сосотјба. Целта на работилиницата беше преку кратки информативни предавања наменети за пациентите и одговори на нивни прашања од стручен персонал тие да се обучат и да заземат активна улога во негата и лекувањето на нивната кожа.
Главна тема за отворена диксусија беше актуелното горливо прашање за вакцинацијата кај атопискиот дерматит со сите заблуди и вистини поврзани на таа тема. Предавањето го одржа дерматолог, Прим. др. Весна Матевска Цифревска. Воедно, повторно се осврнавме на основната правилна нега на кожата кај атопичари која е стожер за понатамошната успешна терапија. На оваа тема предавањето го одржа дерматолог, др. Ирина Арсовска Бежоска.