Новости
ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје и Bioderma
Македонија ja отворија првaтa Школa за атопија во просториите на
Kлиниката. Оваa школa е чекор напред за сите пациенти, како и за
родителите и семејствата на пациентите со атописки дерматит. Преку оваa
школa ќе научите како правилно да ја негувате Вашата кожа и кожата на
Вашите блиски, како да се справувате со секојдневните предизвици што ги
причинува атописката кожа, како да ја ставите под конторла оваа состојба
на кожата, но и како да го одржувате постигнатиот резултат. Низ обуки и
работилници одржани од квалификуван персонал, заедно ќе работиме на
здравјето на Вашата кожа. Повеќе информации за атопијата и за успешна
нега на Вашата кожа може да најдете на порталот atopia.mk. Апелираме до
заинтерисираните родители и пациенти да се пријават на atopia.mk за да
земат учество на Школата за атопија и да се информираат од стручниот
персонал. Подаваме рака за заедно да успееме.
Мисија и Визија
Сите вработени на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија се залагаат на нивните пациенти да им обезбедат најдобар квалитет и ефикасна здравствена услуга. Професионалноста и љубезноста не е само пожелна доблест, туку за нас претставува и обврска за сите наши пациенти. Соработката помеѓу пациентот и лекарот за нас е клуч за добар резултат од третманот, а Вие што сте се одлучиле да ја изберете нашата здравствена установа ќе се почувствувате прифатени и безбедни, а тоа ќе биде пресуден фактор и нераскинлива алка за Вашето брзо опоравување и здравје.
Нашата болница ги задржува највисоките стандарди на совршеност благодарение на долгогодишното искуство и квалитетот на нашите стручњаци. Медицинскиот персонал во нашата болница е гордост во обезбедување не само на најдобра медицинска нега, туку и лично внимание и доверливост за секој пациент и неговите потреби.Полни со енергија и став, со нов изглед кој се одразува од нашата традиција, ние ја обновуваме и ја засилуваме нашата посветеност за да направиме извонреден напредок за здравјето на нашите пациенти.
Во рамките на дејноста во Универзитетската клиника за дерматологија се спроведува субспецијалистичка, специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита од областа на дерматологијата, врши образовна дејност, врши усовршување на здравствените работници и научно истражувачка дејност.