ЕУРОМЕЛАНОМА 2025
Во склоп на кампањата ЕУРОМЕЛАНОМА 2025, во амбулантите на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје, на 02.06.2025 (понеделник) и 03.06.2025 (вторник) од 11:00 – 15:00 часот, дерматолозите ќе вршат бесплатни прегледи на сомнителни промени на кожата за карцином на кожата (дамки, бемки) кај заинтересираните пациенти.
Универзитетската Клиника за дерматологија во Скопје, традиционално се придружува на Европските активности во рамките на кампањата Еуромеланома 2025, со цел подигнување на свеста на населението и здравствените работници за превенција и рано откривање на меланомот и другите кожни карциноми во нашата земја.
Кампањата Еуромеланома оваа година се фокусира на едукација на децата и родителите за важноста на правилната заштита од Сонцето, со посебен акцент на акутните и хроничните опасности од штетните УВ зраци
И ДЕЦАТА МОЖЕ ДА ИМААТ ПРОБЛЕМ СО РАК НА КОЖА ВО ИДНИНА!
ЧУВАЈТЕ ЈА ИДНИНАТА НА ДЕЦАТА СО ПРАВИЛНА ЗАШТИТА НА НИВНАТА КОЖА!